Турист тврди дека снимил Јети во Шпанија
Во одморалиштето „Формигал“ на Пиринеи е придзвикана вистинска паника, откако се прошири информацијата дека во околината наводно е видено бело крзнено суштество кое наликува на познатиот Јети, објави британскиот весник „Телеграф“.
Еден од туристите тврди дека успеал да сними необично суштество во околината на одморалиштето во североисточна Шпанија, а останатите скијачи и снолбордери сега се прашуваат дали снимката е доказ дека навистина постојат суштества од типот на Јети.
На форумите на кои е објавено видеото се разви жестока дискусија и се изнасени различни теории за она што се гледа на снимката.
Некои мислат дека станува збор за мечка, додека други тврдат дека е можно да се гледа војник за време на вежба во снежни услови.
Секако, изнесена е и теорија дека некој едноставно се облекол во бел крзнен костим за да предизвика паника.
Сопствениците на одморалиштетот ја пребарале околината и не пронашле непознато суштество.
- Веројатно нема причина за паника, но ќе продолжиме да го надгледуваме регионот, изјави потпаролот.
Скијачите кои го снимиле видеотот тврдат дека виделе необично суштество.
- Мечка или Јети? Кажавме што видовме, но не не сфатија сериозно. Се обложувам дека нешто се движи во тој регион. Знам што видов, изјави скијач, која сакал да остане анонимен.
Ново на Сител
-
60-годишник прегазил малолетничка во Скопско Поле
-
54-годишен наставник натепал ученик во село Џепчиште
-
Сведокот во бегство за убиството на Вања сам се предаде во полиција
-
Во штипскиот Основен суд закажано судењето за убиството врз 29 годишната Емилија Прошева
-
Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 3 лица
-
52-годишна кавадарчанка пронајдена почината со повреди на телото
-
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време
-
МВР со детали за верижната сообраќајка на Скопска обиколница