-->
-->
Туре си оди од Сити
-->
Менаџерот на Јаја Туре, Димитри Селук, потврдил дека фудбалерот по завршувањето на сезоната ќе го напушти Манчестер Сити. Селук неодамна најави ваков расплет, истакнувајќи дека челниците на Сити не се ангажираат околу потпишување нов договор со неговиот клиент.
„Имаме многу понуди. Сé уште не донел одлука каде ќе игра, но можам да потврдам дека парите нема да бидат пресудни во неговиот избор. Ние ќе го избереме клубот кој ќе има најдобар проект. Јаја Туре го напушта Сити“, рекол Селук.
Јаја Туре неколку сезони е носител на играта на Манчестер Сити и еден од најзаслужните за двете освоени шампионски титули. Оваа сезона тој има постигнато осум голови на 39 одиграни натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал
-
Трамп би можел да ја укине целата помош за Украина
-
Претреси во Велес и Кавадарци, пронајдена дрога
-
Мартинка на рака со верба за среќа
-
Опожарени викендица и овоштарник во Идризово