-->
-->
Турција воведе нови правила за руските новинари
-->
Турските власти воведоа нови правила за издавање дозволи за работа на руските новинари на територијата на Турција, соопшти Турската амбасада во Москва.
Според новите правила, руските новинари кои сакаат да работат во Турција, ќе треба до Амбасадата во Москва да достават повеќе документи, вклучувајќи и писмо од медиумот во кој работат на турски или англиски јазик во кое е наведена целта, местото и време траењето на посетата, како и имињата на оние со кои евентуално би било правено интервју.
Турската амбасада истакна дека ова е „вообичаена процедура во многу земји“.
За новинарите кои ќе работат без дозвола на територијата на Турција, можно е да бидат применувани различни казнени мерки, се додава во соопштението на Амбасадата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реакција од медиумите и СИРИЗА
-
Ставот на Мицкоски е во согласност со Преспа
-
Опозицијата смета дека програмата на новата влада е далеку од дадените ветувања
-
Почнав со училишен бенд, стигнав до Макфест | Јана Спирковска | Sitel Podcast 046
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи