Турција во јуни на ЕУ ќе и го даде „последниот предлог“ за спогодбата за мигрантите
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека неговата земја во јуни на ЕУ ќе и го даде „последниот “ предлог во врска со спогодбата за реадмисија на мигрантите.
Чавушоглу, цитиран од весникот „Акшам“, посочи дека во предлогот ќе биде изложено и гледањето на Турција за тоа како да се надмине прашањето со барањата визи за турските државајни кои патуваат во ЕУ.
- Во јуни ние на ЕУ ќе и го дадеме нашиот последен предлог за прашањето за укинување на визите за турските државјани во европските држави, рече Чавушоглу.
„Ќе оцениме како да го продолжиме процесот од тука натаму и со сите Вас ќе ги споделиме одлуките кои ќе ги донесеме. Треба да ја добиеме оваа визна либерализација. На крајот на краиштата, таа е дел од спогодбата за запирање на миграцијата, што ја потпишавме“, додаде тој.
Ново на Сител
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања
-
О2 бара државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана