Балкан
24. November 2015 - 10:05

Турција урна борбен авион на границата со Сирија

Турската воена авијација урна борбен авион на границата со Сирија што го нарушил турскиот воздушен простор, јави турската приватна телевизија Си-Ен-Ен Турк. Според локалните медиуми, станува збор за руски авион.

Претходно, турските медиуми соопштија дека авионот паднал во реонот на сириското село Јамади, кое се наоѓа непосредно до турската граница, каде живеат Туркмени.

Рами Абдурахман, кој ја предводи Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, изјави дека авионот паднал во туркменистанските планини и оти засега не се знае дали бил руски или сириски.

Турски медиуми, повикувајќи се на високи воени извори, соопштија дека авионот бил урнат од турски авион-ловец Ф16 и оти пилотот бил претходно информиран, по што безбедно се катапултирал. Тој не соопшти од која земја е урнатиот авион.

Турската Влада се уште не го потврди настанот.