Турција: Уапсени уште 24 новинари

Турската полиција приведе 24 луѓе вработени во про-курдскиот дневен весник Озгур Гундем, кој оваа недела беше забранет поради сомневање дека поддржува курдски милитанти.
Со тоа, бројот на приведени медиумски работници во Турција е зголемен на 99. Таа држава според Европската федерација на новинари, стана „најголема затворска ќелија за новинари“, пренесе Танјуг.
Како што е наведено на сајтот на Озгур Гундем, најмалку 24 луѓе од редакцијата се приведени додека други добиле казна – домашен притвор. Приведени се и четири други репортери од други медиумски куќи кои известувале за полициската акција во редакцијата на весникот Озгур Гундем.
Претседателот на ИФЈ Филип Лерут изјави: - Сведоци сме на задушување на слободните и независни медиуми во Турција....Светот мора да се разбуди и да побара поддшка за правата на турските новинари и медиуми.
Претседателот на Европската федерација на новинари Могенс Бличер Бјерегард изјави: Употребата на насилство против новинари и медиумски работници е неприфатливо кога и да е, каде било и тоа што се случува со весникот Озгур Гундем е нрпифатливо. Властите ја користат моментната ситуација по неуспешниот обид за пуч да ги нападнат сите критички настроени медиуми.
Ново на Сител
-

„Шанса за Центар“ бара повлекување на планот за „Барутана“ на Водно
-

За еден ден 25.000 пријави за вакцинација против сезонски грип
-

Нови закони за концесии и за јавно-приватно партнерство до крајот на годината пред пратениците
-

Во Струмица одбележам меѓународниот ден на руралната жена
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
