Балкан
4. January 2018 - 11:44

Турција: САД се мешаат во внатрешните работи на земјата

Турција денеска ја критикуваше пресудата на американскиот суд, со која турски банкар е прогласен за виновен за помагање на Иран да ги избегне санкциите, оквалификувајќи ја одлуката како „неправедна и несреќна“.

Турското Министерство за надворешни работи го опиша судењето како мешање без преседан во внатрешните работи на Турција. 

Извршниот директор на „Халкбанк“, Мехмет Хакан Атила, е осуден на пет ипол годишна затворска казна, по пет од вкупно шест точки од обвинението. 

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно наведе дека случајот е политички мотивиран и претставува напад врз неговата Влада.