Турција продолжува со нападите на курдските позиции во Сирија

Во третиот ден од операцијата „Извор на мирот“ во Сирија, турски воени авиони и артилерија продолжија да стрелаат кон курдските позиции во северниот дел на земјата. Во офанзивата досега загинаа стотици луѓе, а десетици илјади жители ги напуштија своите домови.
Утрово турската армија го нападна подрачјето Рас ал Ајин, еден од двата сириски погранични градови, а очевидци велат дека се слушаат пукотници, пренесува Танјуг.
Турција, исто така, продолжи да го гранатира и подрачјето во близина на градот Тел Абид, на околу 120 километри западно од Џејчанпинара, велат очевидци.
Турското Министерство за одбрана претходно соопшти дека досега „неутрализирале 277 терористи“, меѓу кои и припадници на Курдската работничка партија и на Единиците за заштита на народот.
Турското МО соопшти дека во операцијата загинал и еден турски војник.
Според тв станицата Ал Арабија, во турските воздушни напади во изминатите 24 часа загинале 17 цивили.
Анкара пред два дена почна операција на северот на Сирија која почна со воздушни напади врз позициите на Курдите, кои Анкара ги смета за терористи.
Ново на Сител
-

За продолжениот викенд автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Променливо облачно и посвежо, до 16 степени
-

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност
-

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството
-

Унгарската „Електробус - Икарус" и австриската ЕВН ги исполниле условите за набавка на автобуси и полначи
-

Масар Омерагиќ на Конгрес на FIFA во Ванкувер
-

Спремни за спектакл: Македонските кикбоксери јуришаат на „ВАКО Европскиот куп Вараждин Опен 26“
