Турција: Приведено лице кое го имитирало гласот на претседателот Ердоган со помош на вештачка интелигенција
За време на операција на турската разузнавачка агенција МИТ во Турција, приведено е лице кое со помош на вештачка интелигенција го имитирало гласот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и се јавувал кај бизнисмени и високи владини претставници, јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.
Во операцијата на МИТ беше откриено дека измамникот се обидувал да го имитира гласот на претседателот Ердоган со помош на апликации за вештачка интелигенција. Тој повикал угледни бизнисмени и владини функционери од преку десет телефонски броеви заради различни измами.
Единиците за безбедност на МИТ успеале релативно брзо да го утврдат идентитетот и локацијата на измамникот, по што тој бил приведен.
Турските власти ги повикуваат граѓаните да бидат внимателни при ваквите обиди за измама, ветувајќи дека мерките против ваквите постапки континуирано ќе се засилуваат.
Ново на Сител
-
Поништено судењето за смртта на Марадона, процесот од почеток
-
Премиерот Мицкоски утре во Будимпешта ќе има средба со Орбан и ќе присуствува на СРАС конференцијата
-
Викендов авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Иванишевиќ нов тренер на Циципас
-
Милановиќ: Ниту една држава веќе нема да влезе во ЕУ, можеби само Црна Гора
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница
-
Миле Тодоров кој исчезна во јануари, виден кај планината Серта
-
Тепачка за имот во с.Кадино, се пресметале 83-годишник и 65-годишна жена