-->
-->
Турција прекина со распоредување сили во Ирак, но нема да ги повлече оние кои се веќе таму
-->

Турција го прекина распоредувањето на свои сили во северниот дел на Ирак, но нема да ги повлече оние кои веќе се наоѓаат таму, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
Тој во синоќешниот телефонски разговор со својот ирачки колега Ибрахим ал Џафари нагласил дека Анкара го почитува територијалниот интегритет на Ирак, но присуството на турските воени сили во Мосул има за цел да помогне во борбата на Ирак против Исламска држава (ИД).
Според турското МНР, обуката на сунитските ирачки сили ќе продолжи во координација со официјален Багдад.
Ирак претходно побара Турција да ги повлече своите сили, кои се распоредени во база во близина на градот Мосул, кој се наоѓа под контрола на џихадистите од ИД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ со вештачка интелигенција ќе регистрира возење без кацига
-

Хмара: Украинските сили онеспособија над 51 отсто од руските рафинериски капацитети за нафта
-

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт
-

Бразил во втор круг ќе избира претседател меѓу Болсонаро и Лула
-

Повлечени американските бомбардери Б-1 од британската база „Ферфорд“ поради безбедносни закани
-

Министерот Андоновски на првиот академски час на „Еуропа Прима“ и одбележувањето на 20-годишниот јубилеј
-

Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце
-

Студено утро, релативно топло преку ден
