Спорт плус
29. September 2017 - 20:58

Турција последен патник во полуфиналето на Европскиот шампионат за одбојкарки

 
 
Одбојкарките на Турција се последните кои се пласираа на Европското првенство чија завршница се игра во Баку, Азербејџан.
 
Во последниот меч од четвртфиналната рунда Турција ја победи селекцијата на Русија со 3:0 по сетови 27-25, 25-18 и 25-20.
 
Со оваа победа Турчинките се озборија за место во „големата четворка“ која ќе разигрува за медалите. 
 
Тие во полуфиналето за противник ќе ја имаат селекцијата на Србија, додека во другиот полуфинален меч ќе играат Холандија и домашната селекција на Азербејџан пока попладнево во четвртфиналето со 3-0 ја победи Германија. 
 
Полуфиналните мечеви на програмата се утре, а во недела ќе се играат дуелите за медал.