Турција не им дозволи на германски пратеници посета на Инџирлик

Турција не им дозволила на неколку германски пратеници да ги посетат војниците на Вооружените сили на Германија, кои се стационирани во турската воздухопловна база Инџирлик, јави ДПА.
Во базата Инџирлик се распоредени околу 250 германски војници. Бундеверот оттаму извршува летови на разузнавачки авиони во рамки на операцијата на коалицијата во борбата против Исламска држава.
Како што јави германскиот весник „Фокус“, по ваквата информација дека Анкара ги спречила германските пратеници да ги посетат германските војници, претседателот на Комисијата за одбрана на Бундестагот, Волфганг Хелмих изјави дека е неопходно припадниците на Бундеверот да бидат повлечени од Турција,
- Нема да дозволиме да не уценуваат. Затоа правилната одлука ќе биде да почне разгледување на повлекувањето на војниците и нивно распоредување на друго место, изјави Хелмих.
Турските власти ја воведоа забраната за посета на Инџирлик од страна на германски пратеници, откако минатата година Бундестагот усвои резолуција за осуда на ерменскиот геноцид.
Ново на Сител
-

31 година од атентатот врз Киро Глигоров - сè уште без одговор кој стоел зад нападот
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
