-->
-->
Турција на челно место на листата држави кои испратиле најмногу новинари во затвор
-->
Турција е на чело меѓу државите кои затвориле најмногу новинари во 2016 година, соопшти Комитетот за заштита на новинари.
– Медиумската слобода во Турција веќе беше под опсада во почетокот на 2016 година, наведува Организацијата. Тие додаваат дека владата на Турција за два месеца по неуспешниот обид за преврат на 15 јули, привела над 100 новинари и затвориле над 100 медиуми.
Во 2016 година вкупно 259 новинари во светот биле во затвор наспроти 199 во 2015 година. Тоа е највисок број откако Комитетот води статистика од 1990 година.
На листата следуваат Кина со 38 затворени новинари и Египет со 25. За првпат Иран оваа година не е меѓу петте водечки држави по тој показател.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Планинарот кој исчезна кај Велес е пронајден починат
-
СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС сонува лоши сонови, наместо да ги прераскажуваат истите, нека се информираат за истрагата за Кочани
-
Пет лица уапсени во Куманово за брзо возење, едниот од нив имал 2.17 промили алкохол во крвта
-
ЕУРОСУПЕР БС-95 и дизелот поевтинуваат за половина денар
-
Следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд, грмежи и ветер
-
Палевски: Не сум монструм, ниту убиец
-
Исчезнат велешанецот Стојче Пецевски