Турција ќе бара вклучување на ОН во решавањето на бегалската криза
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу најави дека ќе побара од ОН да се вклучат во решавањето на проблемот со напливот на имигранти од Блискиот Исток кон Европа.
- Ќе направам се што е во моја моќ проблемот да се најде на дневниот ред на Генералното собрание на ОН и да се понудат предлози за негово решавање, изјави Давутоглу во разговорите со претставници на сириските бегалци во Турција.
Бегалците, кои од пред пет дена почнаа да пристигнуваат во пограничниот реон на Турсија кон Грција, со цел како што велат „да заминат во Европа“, побараа Давутоглу да отиде на средба со нив во Едрене, но наместо тоа турскиот премиер вчера прими делегација на имигрантите во Анкара.
Како што јави БТА, на средбата Давутоглу најавил дека ќе испрати писма до светските лидери во кои ќе ги запознае со проблемите на бегалците и ќе побара од нив да ги примат во нивните земји.
Давутоглу воедно побарал од бегалците до утре да ја напуштат пограничната зона.
- Успевате да го натерате светот да го чуе вашиот глас. Наша молба е да се вратите на норманиот живот. За време на Курбан Бајрам ќе ви обезбедиме сместување во кој град или во кој бегалски камп сакате. Ние не сакаме сириските граѓани да умираат во Егејското Море или по патиштата кон западноевропските граници, им порачал Давутоглу на соговорниците.
Турција претходно најави дека нема да им дозволи на бегалците да ја минат нејзината граница и да влезат во Грција или Бугарија, бидејќи, како што образложи, најголемиот број од нив не поседуваат валидни пасоши и визи.
Сепак според турските власти, ако некои европски земји се сложат да прифатат одреден број од бегалците кои во моментов се наоѓаат во западниот пограничен регион на Турција, тогаш тие се подготвени да „ги качат на авиони или автобиси и да ги испратат таму“.
Ново на Сител
-
Осумгодишно дете повредено поради ,,Супермен челинџ''
-
Косово забранува продажба на енергетски пијалаци на лица под 18 години
-
Мицкоски-Касаноф: Европските интеграции остануваат врвен стратешки приоритет, САД цврсто стојат зад Северна Македонија
-
Меџити: Сите судии на Уставниот суд да бидат на ниво на задачата
-
ССМ будно ќе ја следи примената на новогодишната кошничка
-
Кос: Мојот сон е Западен Балкан да се интегрира во ЕУ
-
Бугарија: И при десеттиот обид пратениците не успеаја да изберат претседател на 51-то Народно собрание
-
Мицкоски: Драго ми е што дел од партиите во опозиција се свесни дека треба да се изолираат екстремите