-->
-->
Турција и официјално одби да го измени законот против тероризам
-->

Турција официјално одби да го измени својот закон против тероризмот за да ги задоволи барањата на ЕУ во рамки на напорите да добие укинување на визите за турските граѓани.
- Ваква измена на законот против тероризмот е апсолутно невозможна, изјави денеска турскиот министер за европски прашања Волкан Бозкир по средбата со претседателот на Европарламентот, Мартин Шулц во Брисел.
ЕУ смета дека Турција мора да ја промени својата дефиниција за „терористи“ и „терористички чин“, со цел да обезбеди визна либерализација.
Унијата е загрижена дека врз основа на постоечкиот закон на мета можат да бидат новинари и политички дисиденти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
