-->
-->
Турција го менува името на улицата во која се наоѓа американската Амбасада
-->
Градоначалникот на Анкара Мустафа Туна вчера ги соопшти плановите да се смени името на улицата во која се наоѓа Амбасада на САД и да се нарече според моменталната офанзива на Турција во Сирија.
Тој на Твитер напиша дека улицата Невзот Тандоган ќе биде наречена Улица „Маслиново гранче“.
Турција минатиот месец ја почна операцијата „Маслиново гранче“ чија цел е борците на сириските Курди да се протераат од северозападна Сирија, а тие борци се главен сојузник на САД во борбата против Исламска држава.
Турција во ноември ја преименува улицата во која се наоѓа Амбасадата на Обединетите Арапски Емирати, затоа што еден од министрите на таа држава на Твитер напиша дека предците на турскиот претседател го ограбувале светиот град Медина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонската кик бокс маи таи репрезентација отпатува на Балканското првенство во Црна Гора
-
До 22 јуни тестирање на гасоводот Скопје - Гостивар
-
ЦУК: Два пожара на отворено, пронајдено старо оружје
-
20 годишно момче загина по удар од гром
-
Министрите за надворешни работи на НАТО ќе разговараат за планот од 100 милијарди евра за воена помош за Украина
-
Продолжува седницата за избор на претседател на Уставен суд
-
ЛДП: Изгласана доверба на претседателката Моника Зајкова и раководството
-
Изменет режим на сообраќај на автопатот А1, делница Петровец - Катланово