Турција бара „конкретни мерки“ од Шведска и од Финска за влез во НАТО

Главниот советник за надворешна политика на турскиот претседател Ибрахим Калин и американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан вчера разговараа за кандидатурите за НАТО и за војната во Украина.
Калин истакна оти Турција сака „конкретни мерки“, кога станува збор за постоењето на „терористичките организации“ во Финска и во Шведска, пред да се разгледаат нивните кандидатури за влез во Алијансата, се наведува во соопштението на турското претседателство.
Во телефонскиот разговор, Калин додаде и дека земјите што сакаат да се приклучат на НАТО, мораат да „ги усогласат вредностите и принципите на Алијансата за безбедноста и борбата против тероризмот“ всушност „Шведска и Финска да преземат конкретни мерки за терористичките организации што ја загрозуваат националната сигурност на Турција“.
Белата куќа соопшти дека Саливан „изразил поддршка за продолжување на директни разговори на Турција со Шведска и со Финска, со цел да се реши загриженоста околу нивните барања за членство во НАТО, што САД цврсто поддржува“.
Турција се спротивстави на членството на Финска и Шведска во НАТО со образложение дека пружаат засолниште на припадници на Курдска работничка партија (ПКК) и други групи, кои Анкара ги оценува како терористички.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
