Турција бара Германија да екстрадира 81 „ѓуленист“
Турција досега побарала од Германија да екстрадира 81 турски државјанин, кои се осомничени за поврзаност со неуспешниот државен удар во 2016 година.
Левичарската германска партија Линке побара од Министерството за правда да објави колку турски државјани, кои се наоѓаат или живеат во Германија, се на списокот барани лица, јави новинската агенција ДПА.
Овие лица се осомничени за поврзаност со Фетулах Ѓулен, турскиот свештеник и водач на глобална мрежа компании и училишта, кој се смета за главен организатор на државниот удар. На овој список, сепак, не се наоѓаат курдските активисти во Германија, кои Турција ги бара по друг основ, за поврзаност со терористички активности.
Пред една година, министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека оваа бројка може да достигне 4.000 лица.
- И покрај сите притисоци од страна на Турција, германската Влада мора да ги одбие овие барања за екстрадиција, изјави Александар Ној, пратеник од партијата Линке, кој побара Германија да ја притисне Турција да ослободи десетина германски државјани кои се обвинети и притворени за тероризам.
Односите меѓу двете земји се влошени и германската канцеларка Ангела Меркел неодамна побара намалување на европската финансиска помош за Турција поради политичката состојба во оваа земја.
Ново на Сител
-
Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања
-
Малолетник натепан од свои врсници во Аеродром - Еден снимал, другите физичките го нападнале
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина
-
Недела неработен ден за верниците од муслиманска вероисповед
-
Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор
-
Истрага за двојното убиство во Кратово
-
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам
-
Скопјанец осомничен за разбојништво во банка