Македонија
23. јуни 2023 - 9:21

Турчинот осомничен за силување на скопјанка е истиот кој беше условно осуден пред три месеци

Турчинот на кого МВР вчера му поднесе кривична пријава за силување е Сонер Арслан, пренесува „Макфакс“. Станува збор за манијакот кој беше гонет дека се самозадоволувал пред девојчиња и жени во автобуси и пред влезови на згради. За ова, пред три месеци беше осуден на условна казна.

Силувањето, според полицијата, го сторил во декември минатата година, а откриен е преку ДНК анализа. Според извори во истрагата, неговата ДНК била најдена на маицата од девојчето на возраст од 24-години. Ја допирал по телото, по што се самозадоволил, а траги од семената течност имало и на нејзината облека.

Скопјанката не е негова прва жртва. Претходно, пет други девојчиња беа оштетени во постапката што се водеше против него. Најмладата имаше 19 години. На рочиштето, на кое призна вина, Арслан, кој е роден во Турција, ветуваше дека нема да го повтори делото и бараше поблага казна.