Свет
25. March 2022 - 11:32

Турчин со пиштол го разнесе телевизорот откако Јилмаз промаши пенал | ВИДЕО

Турција имаше шанса за израмнување на резултатот во Португалија, со пенал во 85 минута, но среќата не беше наклонета на нејзината страна.

Бурак Јилмаз го постигна голот за намалување на 2:1, но во 85 минута не стрелаше добро од белата точка за 2:2. А во Турција, работите не беа мирни за еден навививач кој со пиштол го разнесе телевизорот по промашувањето.