-->
-->
Тунтев: БЕСА треба да има член на ДИК, но тоа да биде согласно со законите
-->

Пратеничката група на СДСМ и на здружената коалиција смета дека партијата БЕСА треба да има член на Државната изборна комисија (ДИК), но оти притоа треба да се почитуваат законските прописи.
- Ние не отстапуваме од тој став ниту како партија, ниту како пратеничка група, меѓутоа нормално почитувајќи ги и другите законски одредби затоа што матичната комисија во Собранието треба да одлучи каде е проблемот во ова прашање односно помеѓу кои закони постои колизија во нивното спроведување и даде автентично толкување во барањето на БЕСА, изјави денеска координаторот на пратеничката група на СДМ Томислав Тунтев.
Партијата БЕСА смета дека треба да има член во ДИК имајќи го предвид резултатот постигнат на последните предвремени парламентарни избори во декември.
Претседателот на ДИК Александар Чичаковски, пак, вели дека единствен надлежен за тоа прашање е Собранието на Република Македонија. Во интервју за МИА тој потенцира дека членовите на ДИК се избрани од Собранието на Република Македонија во процедура и со мандат утврден согласно Изборниот законик .- Оттаму единствен надлежен орган за одговор на ова прашање е Собранието на Република Македонија, изјави Чичаковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
