Тунижанецот кој е осомничен за нападот во Берлин истражувал на интернет како се изработува бомба
Главниот осомничен за нападот со камион на божикниот базар во Берлин, Тунижанецот Анис Амри, пребарувал на интернет како се прават експлозивни направи и воспоставувал врска со ИД, пишува весникот „Њујорк тајмс“.
Осомничениот се поврзал со терористичката организација и бил ставен на американската листа на лица кои не треба да бидат пуштени во летовите до САД.
Се смета дека Амри, кој користел неколку имиња и требало да биде депортиран, избегал од божикниот базар во Берлин, каде во понеделникот вечерта при напад со камион уби 12 лица и повреди 48 луѓе.
Четиринесет од нив се се уште во критична состојба.
По нападот во кабината на камионот каде беше убиен возачот Полјак се пронајдени документи за идентификација на Амри.
Меѓу март и септември тој бил под надзор поради сомнение дека планирал да украде пари за да купи автоматско оружје и најверојатно да изврши напад, заедно со други соучесници.
Надзорот не ги дал неопходните докази за да биде покренато обвинение за него.
Ново на Сител
-
Пожари во Гевгелија и штипско Караорман
-
Приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје возат само до 10 часот
-
Именување на генерален секретар на Собранието и барања за апанажа од поранешни министри на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
-
Изречени 117 санкционирани возачи во Скопје
-
Бајден: Во претседателската трка сум до крајот, не се откажувам
-
Французите протестираа против десницата
-
Ураганот Берил ја погоди Јамајка и ослабен се упати кон Мексико | ВИДЕО
-
Променливо облачно, во западните и крајните источни делови со локален дожд