Живот
10. јуни 2018 - 12:40

Тукушто родено бебе се борело за живот: Роднините го закопале верувајќи дека е мртво, а по 8 часа се случи чудо

Новороденче кое осум часа било живо закопано во земја, било спасено од бразилската полиција токму од гробот. Роднините на девојчето, тукушто дојдено на свет, го закопале директно во земја, без ковчег, верувајќи дека бебето е родено мртво.

Двајца полицајци се испратени да го откопаат од импровизиранито гроб, за да биде правилно погребано. Очекувајќи дека ќе најдат малечок труп, тие со раце ја откопувале земјата, кога слушнале дека нешто цвили од земјата.

Девојчето, валкано од земјата и натаму прикачено за својата папочна врвца се борело да дише откако 8 часа поминало закопано во земја. Полицајците веднаш го однеле во болница, каде лекарите му ги исчистиле дишните патишта и му дале кислород.

Резултатите од интензивната нега покажуваат дека бебето добро напредува, со оглед на тешкиот почеток ан животот. Во полицијата таа вечер е упатен анонимен повик за смртта на новороденче која адекватно не е пријавено кај властите. Тие прво ја посетиле куќата на семејството на бебето во Канарана во западен Бразил, каде дознале дека мајката на детето, Бразилка од индијанско потекло, имала само 15 години.

Младата мајка рекла дека била сама во бањата кога почувствувал контракции. Бебето, како што тврди таа, многу брзо излегло, паднало на подот и удрило со глава. Бидејќи не плачево, прабабата (57) на бебето поверувала дека детето е мртво.

Жената се бранела со тоа дека ја испочитувала традицијата на своето племе, па девојчето го завиткала во ткаенина и го закопала во дворот. Уверена во исправноста на својата постапка, семејството не одбило да го покаже „гробот“ пред полицијата, која секако не очекувала бебето да го пронајде живо.

Мајката тинејџерка исто така е примена во болница поради компликации поради бременоста, додека прабабата е уапсена под обвинение за обид за убиство, пишува Дејли мејл.