„Тука е девојчето кое го барате“ - Кешишев под притисок признал каде е телото на Вања
Влатко Кешишев под притисок признал каде го криел телото на Вања и ги одвел полицајците на местото на злосторот. Ова го потврди сведокот Музафер Каришиќ, кој во времето на убиството бил помошник началник на СВР Скопје за криминалистички работи. Според него, .
„Влатко Кешишев го пронајдовме преку „рено кангу“ и разговаравме со него. Во чуден сплет на околности самиот почна да зборува дека е лош човек, дека е нечовек, и наговестуваше нешто. Во еден момент рече дека ќе ме однесе мене на едно место, да ми покаже нешто, бараше да одиме сами не сакаше да одиме со другите началници, сакаше јас и тој сами, ми рече „ако дознае Палчо ќе ме убие“. Тоа беше во полициската станица Кисела Вода. Тргнавме, нѐ однесе до запалениот „цитроен“. Се предомислуваше дали да каже, дали не. Па во еден момент рече „ајде ќе ве однесам, има еден црн пат“. Возевме по негови насоки, се качивме едно 200-300 метри, рече „излезете“. Тоа беше еден широк простор. Сакаше да каже, па рече, „не можам, не можам“, па пак тргна накај возилото, па сакаше само со мене да разговара, па рече „ајде, нека биде“, и со главата ми посочи кон расфрлени перници и душеци. Дури и со рака не сакаше да покаже, покажуваше со главата кон перниците. Велеше „јас стоев на страна“. Ги тргнавме перниците, тој рече „тука е девојчето кое го барате“. Откопувавме додека не ѝ се видоа носот, веѓата и едната нога и престанавме. Прашавме кој, рече „Палчо, ја земаа и тука ја фрлија, а јас бев на страна“. За Боре дознавме исто од Кешишев, тој рече „Боре каратисот“ беше во „цитроенот“ “, изјави помошникот началник Каришиќ.
Ново на Сител
-
Макрон: Нема оправдување за нападите врз цивилното население во конфликтот меѓу Израел и Иран
-
Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна
-
Повторно поскапува дизелот
-
ОДИХР: Повеќе од 122 милиони луѓе се раселени ширум светот
-
Израелскиот министер за одбрана Кац и наложил на армијата да ги засили нападите врз целите на иранскиот режим
-
Росатом: Ситуацијата во иранската нуклеарна централа „Бушер“ е „нормална“
-
Третата рунда директни разговори меѓу Москва и Киев се очекува да биде договорена идната недела, истакна Песков
-
Манев: Доцна сфатив дека Палчо има двоен план, член на Десна го уништи синиот ранец со пиштолот и моторолите