Фудбал
30. May 2021 - 9:41

Тухел конечно го запозна Абрамович?!

Триумфалниот тренер Томас Тухел призна дека вчера првпат се сретнал со човекот кој го вработил, газдата на Челси, Роман Абрамович, откако тој беше во Лисабон да ја прослави титулата од Лигата на шампионите со својот тим по 1:0 победата над Манчестер сити.
 
Човекот кој минатото лето потроши 250 милиони фунти на засилувања, се приклучи на своите работници по освојувањето на трофејот, за Тухел, конечно, да добие шанса да се сретне со него, откако Абрамович ја направи храбрата одлука да го отпушти Френк Лампард и да го ангажира Германецот.
 
„Зборував со Рома на теренот. Тоа беше најдобар момент да се зборува, бидејќи сега може да биде само полошо“, изјави Тухел.
 
Германецот беше одговорен за трансформацијата на Челси по неговото пристигнување со 18-месечен договор, и признава дека сега има нова понуда за тригодишен договор од Абрамович.
 
„Не сум 100 отсто сигурен, но можеби сега сум подготвен да потпишам нов договор по оваа победа“, додава Германецот.