Трудо и Трамп имале конструктивен разговор за трговските преговори
Канадскиот премиер Џастин Трудо и претседателот на САД Доналд Трамп имаа конструктивна дискусија по веста за постигнатото разбирање меѓу Вашингтон и Мексико за повторни преговори за северноамериканскиот договор за слободна трговија, соопшти кабинетот на канадскиот премиер.
„Лидерите го поздравија постигнатиот напредок во разговорите со Мексико и со нетрпение очекуваат нивните тимови неделава да ги продолжат преговорите за да ги доведеме до успешен крај", се наведува во соопштението од канцеларијата на Трудо.
Претседателот Доналд Трамп вчера соопшти дека САД постигнале многу добар трговски договор со Мексико во рамките на ревизијата на северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА), склучен во 1994 година од страна на Мексико, Канада и САД.
Сега се очекува Канада да се врати на преговарачка маса и веднаш по веста за преговори меѓу САД и Мексико, канадската министерка за надворешни работи Кристија Фриленд соопшти дека се враќа во Вашингтон, за да продолжи со преговорите кои се водат една година, прекинувајќи ја дипломатската турнеја во Европа.
Фриленд, која има украински корени, ја откажа за денеска планираната посета на Киев и средбите со украински лидери.
Ново на Сител
-

Алармантно загадување: Активирани мерки поради високи концентрации на PM10 во Скопје
-

Радев соопшти дека мандатот за формирање нова влада на Бугарија ќе го даде по Нова Година
-

Тошковски на симулациска показна вежба за повреди предизвикани од петарди
-

Почина поранешниот норвешки селектор Оге Хајреде
-

Уапсен тетовец, возел со 1,90 промили алкохол во крвта
-

Москва: Правото и здравиот разум надвладеаја во договорот на ЕУ за Украина
-

Најстудено во Скопје, Битола, Струмица и Берово со измерени -4
-

Денеска се празнува Свети Никола Чудотвроец, архиепископ Мирликијски
