Македонија
6. September 2015 - 17:09

Трпковски: Поратстот на наталитетот не е случајност

Мерките и активностите на владата за зголемување на наталитетот во Македонија даваат резултат. Нашата земја годинава бележи пораст на наталитетотво споредба со изминативе години. Тоа го потврдува зголемениот број на првачиња во некои средини во источна Македонија, каде изминативе години овој процес беше во опаѓање.

Магистерот по социолошки науки Јане Трпковски, во интервјуто за ПРЕС 24 вели дека про-наталните мерки, кои владата на РМ ги воведе во 2009-та година, се една од основните причини за ваквите демографски промени. 

-Ова е прва година која ги вклучува првата генерација на родени деца во домаќинствата опфатени со оваа програма. Разликите меѓу стапките се прецизен показател за успешната имплементација на популациската политика. Промените во демографските движења, не се случајни, туку под влијание на спектарот од  политичките, економските и културните промени, својствени за интервал од четири години. Тоа значи дека природниот прираст во РМ е во стагнантна фаза, со тенденција на нерамномерен раст, кој е условен од регионалните диспаритети и флуктуацијата во макроекономската политика на регионите. Конкретно, проценките се во оптимистички правец.

Економските привилегии до кои имаат пристап родителите, се клучни фактори кои влијаат врз личната одлука за родност и планирање на семејството.

Доколку продолжат про-наталните мерки и започнатиот тренд на привлекување на инвестицискиот бран во слободните економски зони, социологот Трпковски смета дека може да се очекува натамошен пораст на вкупните и посебни стапки на наталитетот.