Трпеливо во сообраќајот низ Скопје, привремен сообраќаен режим на мостот „Гоце Делчев“
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информира дека утре и задутре од 5 до 17 часот поради градежни зафати на мостот „Гоце Делчев“ ќе биде воведен привремен сообраќаен режим. Автобусите од јавниот превоз што сообраќаат во тој дел ќе бидат пренасочени.
– Утре затворен за сообраќај ќе биде мостот во правец од „Мавровка“ кон Влада (исток-запад), при што линиите 2, 2А, 8, 11, 11А, 12, 18, 19, 32, 56, 56А, 60 и 118 во правец од исток кон запад од булевар „Гоце Делчев“ ќе вртат лево по улицата „Филип Втори Македонски“ (МНТ), па десно по булеварот „11 Октомври“, по улицата „Димитрија Чуповски“, потоа десно по булеварот „Васил Главинов“ и од крстосницата со булеварот „Партизански одреди“ секој продолжува по својата траса. Во обратна насока, од запад кон исток, сите линии ќе сообраќаат по вообичаените траси, се вели во соопштението.
В недела, линиите 2, 2А, 8, 12 и 19 во правец од запад кон исток од булеварот „Партизански одреди“ ќе вртат десно по булеварот „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрија Чуповски“ (Рекорд), булеварот „11 Октомври“, кај Градска болница лево по улицата „Филип Втори Македонски“ (МНТ) и потоа секоја линија продолжува по вообичаената траса.
Линиите 11, 11А, 18, 32, 56, 56А и 60 во правец од запад кон исток од булеварот „Партизански одреди“ ќе бидат пренасочени десно по булеварот „Васил Главинов“, лево по булеварот „Димитрија Чуповски“ (Рекорд), по булеварот „11 Октомври“, постојка Зелен пазар и на крстосницата кај Црвен крст ќе вртат лево по булеварот „Кочо Рацин“ (Југодрво) од каде ќе продолжат до Транспортен центар.
Во обратна насока, од исток кон запад, сите линии ќе сообраќаат по вообичаените траси.
Ново на Сител
-

Трамп најави американски одговор по иранскиот напад врз трговски брод, американската војска потврди напади врз Иран
-

Зеленски: Украина е подготвена за преговори, но Русија мора да го направи првиот чекор кон мирот
-

Завршија општите претреси на предлог-законите од 106. седница, гласањето ќе биде дополнително закажано
-

Сончево и топло, до 38 степени
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
-

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот

