Трошоците на живот во февруари зголемени за 5 проценти, а цените на мало за 4,2 проценти на годишно ниво
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари во однос на јануари годинава, изнесува 0,5 проценти. Индексот на трошоците на животот во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи зголемување од 5 проценти, а индексот на цените на мало зголемување од 4,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според ДЗС, зголемувањето на инфлацијата во февруари во однос на јануари годинава е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 1,4 проценти, Алкохолни пијалаци, тутун и
наркотици за 0,8 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата и Ресторани и хотели за 0,6 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,5 проценти, Здравје за 0.2 проценти и Комуникации за 0,1 процент.
Во февруари 2025 година, во однос на јануари 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 3 проценти, Облека и обувки за 0,3 проценти, Рекреација и култура и Разновидни стоки и услуги за 0,2 проценти. Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Цените на мало во февруари во однос на јауари годинава се намалени за 0,6 проценти.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред