Македонија
16. July 2024 - 16:43

Тропскиот бран испече и дел од земјоделскиот род, можно е намалување на производството и за 20%

Топлотниот бран  и тропските температури ќе го намалат родот на земјоделското производство. Негативни влијанија има кај сите култури, но според земјоделците најпогодена е куртовската капија или популарната ајварка чија берба треба да започне наскоро.Според првичните проценки токму поради високите температури се очекува намалување на родот за околу 20 проценти.

Доколку негативните прогнози се остварат може да дојде и до сериозни нарушувања на .Земјоделците стравуваат дека на  крај штетата ќе ја трпат тие и крајните потрошувачи.

Традиционално, дел од струмичката ајварка е наменета за преработувачките капацитети во земјата, а дел се извезува на пазарите од поранешните југословенски простори и ЕУ. Поради неповолните климатски услови и зголемените трошоци земјоделците очекуваат просечна цена од 35 до 40 денари за килограм. Се што ќе биде пониско од тоа за нив е нерентабилно и директна загуба.