Тројно се зголемува социјалната помош
Наместо 50 социјалната помош ќе биде 200 евра. Државата со нови измени во системот за социјална заштита и детски додаток. Покрај зголемувањето на износот ќе се зголеми и бројот на приматели на социјална помош. А ќе се работи и на тоа социјалните случаи преку разни програми да се вклучат на пазарот на трудот.
Лицата пак кои два пати ќе ја одбијат понудената работа ќе ја изгубат социјалната помош.
Ќе се зголеми и опфатот на деца кои ќе добиваат детски и образовен додаток. А во идина ваков додаток ќе добиваат и семествата со едно вработено лице односно оние со минимална плата.
Ако во 2018 година детски додаток добивале 3. 200 деца сега ќе добиваа 73 500 деца. Ако до сега пак образоевн додаток добивале 3.800 деца сега со измените ќе можат да добиваат 63 илјади деца.
За зголемување на социјалната заштита од буџетото ќе бидат издвоени 35 милиони евра. Реформата ќе стартува од идната година, а веќе од февруари корисцните на социјална помош ќе можат да очекуваат повисоки примања.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар