Тројца загинати во нелегална трка на автомобили на автопат во Косово

Три лица загинаа доцна синоќа кога автомобил што учествувал во нелегална трка на автопат во Косово ја загубил контролата и завршил во публиката.
Покрај тројцата загинати, во несреќата на автопатот „Ибрахим Ругова“ во близина на Призрен повредени се уште тројца од гледачите на трката меѓу две возила марка „фолксваген голф“.
На повредените им е пружена лекарска помош, додека осомничениот возач на возилот кое удри во публиката е уапсен и по налог на надлежен обвинител е притворен.
Косовските медиуми ги идентификуваа жртвите Лорди Сиља, Молос Делија и Нуе Бибај, сите трејца млади мажи од Ѓаковица. Од истиот град е и возачот кој ја предизвика трагедијата, а кој е идентификуван како Арлинд. С и за кого се вели дека е близок роднина на еден од загинатите.
Ново на Сител
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
