Тројца со насилство барале малолетник да влезе во казино, поведена постапка

Скопското обвинителство поведе постапка за три лица, кои на 30 април во вечерните часови, со насилство барале малолетник да влезе во казино во Драчево.
- Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица на возраст од 35, 50 и 43 години за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За истиот настан, согласно Законот за правда за децата, ќе биде поведена постапка и против 17-годишник во судир со законот, соопшти денеска Јавното обвинителство.
Оттаму појаснуваат дека на 30 април во вечерните часови, пред казино во Драчево, сите осомничени во група малтретирале и телесно повредиле вработен во казиното, а во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.
- Инцидентот се случил кога малолетникот сакал да влезе во казиното, а вработениот не го пуштил. На тоа малолетникот се заканил и телефонски ги повикал останатите осомничени кои со два автомобили пристигнале пред казиното. Најпрво му се заканиле на оштетениот со барање да го пушти детето да влезе или ќе го запалат казиното, а кога тој одбил, го опколиле и физички го нападнале, удирајќи го со бокс и нанесувајќи му телесни повреди. Едниот од осомничените од возилото извадил дрвена мотка и почнал да замавнува кон оштетениот, кој се повлекол кон влезот на казиното. Случајни минувачи ги спречиле да продолжат со насилството, но кај оштетениот и во јавноста осомничените предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, се наведува во соопштението од ЈО.
Надлежен јавен обвинител до Судот доставил предлог за определување мерки на претпазливост за осомничените, кои вклучуваат забрана за напуштање на живеалиште / престојувалиште, обврска повремено да се јавуваат на службено лице и одземање на патните исправи.
Ново на Сител
-

СП 2026: Скандал – фудбалер бил уапсен поради местење натпревари
-

Вардар во конкуренција на шест екипи за четири вајлд карти од Лигата на шампионите
-

Пронајдени „значајни“ докази при претрес на домот на еден од осомничените за „Сараево сафари“
-

Сиљановска-Давкова ги прими ракометарите кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци постигнаа историски успех
-

АНБ и МВР со акција против група поврзана со меѓународна терористичка мрежа, опфатени пет лица
-

Познати ривалите на македонските екипи и за втората рунда квалификации од Конференциската лига
-

Падна фасада од станбена зграда во Козле | ФОТО
-

MATTO FOR GOOD – хуманитарен бранч по повод 5 години Matto Napoletano
