Тројца скопјани тешко повредени
Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на град Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди, од кои седум се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле три лица.
Како што информира самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.
Дваесет и девет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 10 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, како и 10 возачи за време на управување со возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.
Санкционирани се и 11 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор за пешаци.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 67 возила.
Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ОУ „Цветан Димов“, општина Чаир. гв/цр/08:51
Ново на Сител
-
Македонија загуби од Литванија иако Димитријевиќ постигна 43 поени
-
Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во ноќен клуб во Мексико
-
Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
-
Два вооружени грабежи на Бит Пазар во еден ден
-
Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад
-
Пронајдени 14 мигранти во Кумановско, од кои четворица малолетни
-
Силекс се искачи на врвот на табелата
-
До крајот на денов сончево со мала локална облачност