Тројца сириски браќа обвинети за тероризам во Германија

Германските власти уапсиле четворица сириски државјани, од кои тројца се браќа под обвинение за подготвување тероризам поради тоа што учествувале во странски воени групи во нивната родна земја.
Германското јавно обвинителство во соопштение објавува дека тие се бореле во вооружени групи против сириската армија и курдските сили за одбрана, пренесува дописникот на МИА од Берлин. Осомничените за тероризам Мустафа К, Абдула К. Султан К и Ахмад К. биле дел од групата Ал Нусра Форнт во северна Сирија во градот Рас ал Ајн во 2012 година.
Двајца од осомничените се обвинети и за воени злосторства затоа што протерувале цивили надвор од градот и го присвојувале нивниот имот.
Јавното обвинителство не можело да утврди дали и четвриот осомничен Ахмад К. кој е на возраст од 51 година е брат на првите тројца.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка со 10 повредени
-

Oхрид доби културен информатор
-

Преглед на вестите од светот
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Обвинителството бара притвор за осуммина за проневерата на милиони во ФФМ
-

Доктор и медицинска сестра од клинички сакале да шверцуваат ботокс од Република Кореја
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
