Тројца Сиријци кои живеат во Германија уапсени на пат за Сирија

Бугарските власти уапсија тројца Сиријци, кои живееле во Германија, под сомнеж дека тргнале да се и придружат на терористичката организација Исламска држава.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Сиријците, на возраст од 21, 22 и 25 годинни во Германија живееле повеќе години и не се дел од последниот бегалски бран што пристигна во земјата.
Тие биле уасени во близина на граничниот премин „Капетан Андреево“ во обид да ја мината границата со Турција, од каде што требало да влезат во Сирија и да и се продружат на ИД.
Според бугарските медиуми, Сиријците, кои биле уапсени пред една недела, имале документи за легален престој во Германија и прво биле приведени поради илегално минување на границата.
Меѓутоа, подоцна во нивните телефони биле пронајдени радикални исламски содржини и кореспонденција со членови на ИД, познати на европските власти.
Според најновите закони во Бугарија, Сиријците се соочуваат со казна затвор од 10 години, поради обид за придружување на терористички организации.
Ново на Сител
-

Мицкоски ја дискфалификуваше Ристовска
-

Според власта европските реформи се спроведуваат, за опозицијата државата е во изолација
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не направија кворум за резолуцијата на ДУИ за УЧК
-

Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ зголемувањето на минималецот, велат од ССМ
-

Арменд Дестани најсериозен кандидат за директор на АЕК
-

Започнува регионалниот проект „Equals“ за бесплатна правна помош
-

Специјалисти за кои има недостиг ќе можат да работат до 70 години - ќе земаат и плата и пензија
-

Идните наставници ќе мора да имаат пракса пред да влезат во училиштата
