-->
-->
Тројца рудари загинаа во Чешка
-->

Три лица загинаа, а две се повредени по експлозија на гас, што се случи во текот на ноќта во рудникот Дарков во источниот дел на Чешка, јави дописникот на МИА од Прага.
Како што информираше Марек Сибрт, портпарол на компанијата за јаглен и кокс ,,ОКД", која управува со рудникот.
На местото на несреќата веднаш пристигнала медицинска екипа и хеликоптер кој ги пренел повредените со изгореници во болница.
Причините за несреќата ќе се испитуваат од страна на комисија составена од експерти кои се занимаваат со оваа област и претставници на рударскиот Синдикат во соработка со полицијата.
Последната несреќа во рудниците на ,,ОКД" се случи во ноември минатата година, кога загинаа три лица, а деветмина беа повредени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
