Македонија
1. March 2020 - 21:43

Тројца повредени во сообраќајка кај Железничка

На булевар „Никола Карев“, кај Транспортниот центар во Скопје, денеска околу 14 часот се случила сообраќајна несреќа меѓу „ауди“ со бугарски регистарски ознаки, „пежо“ со скопски и автобус на ЈСП.

Во несреќата се повредени три лица, едно од „аудито“ и две од „пежото“, кои се пренесени во Клинички центар „Мајка Тереза“.

На местото на несреќата извршен е увид од СВР Скопје.