Македонија
7. September 2019 - 14:18

Тројца повредени на патот Маврови Анови-Дебар

Три лица се повредени откако автомобилот со кој се превезувале излетал од коловозот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар.

Сообраќајната несреќа се случила изутрината околу 8 часот во близина на скудрињски мост. Од сé уште непознати причини, возачот на возилото „Пасат“ со албански регистерски ознаки изгубил контрола.

Покрај возачот А.Б. (32) албански државјанин, во болниците во Дебар и Гостивар пренесени и двајца сопатници – 19-годишна девојка и 34-годишен маж.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициска станица Гостивар.