Македонија
6. September 2021 - 16:57

Тројца малолетници од Шуто Оризари киднапирале и нападнале малолетно девојче

МВР информираше дека вчера биле приведени двајца малолетници и со нив бил извршен службен разговор затоа што со уште еден малолетник на 04.09.2021 во куќа во Шуто Оризари противправно лишиле од слобода малолетничка и физички ја нападнале.

Малолетничката е предадена на родителот, а во координација со јавен обвинител и Центарот за социјални работи се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.