-->
-->
Тројца малолетници нападнале ученик од друго одделение
-->
Татко во полиција пријавил дека неговиот син во основно училиште во Тетово е нападнат со тврд предмет, информираат од СВР Тетово. Детето било нападнато од тројца ученици од друго одделение.
- Вчера С.С.(48) од Тетово пријавил дека околу 9 часот и 50 минути во тетовско основно училиште, по завршување на големиот одмор, во ходникот на училницата во која учел, неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници. Напаѓачите, инаку ученици во истото училиште, користеле и тврд предмет, а едниот од нив, по завршување на наставата, уште еднаш се обидел да го нападне, се вели во денешното соопштение на СВР Тетово.
Сега се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш