Тројца лидери на ИД уапсени во Истанбул

Тројца лидери на џихадистичката група Исламска држава (ИД) се уапсени при полициска операција во Истанбул.
Уапсените, од кои двајца се од Индонзија, а третиот од Сирија, е осомничени за подготвување на терористички напади,
Кај тројцата уапсени полицијата открила „сигурни докази“ за нивна поврзаност со ИД, меѓу кои има и повеќе записи од егзекуции за пропагандни цели, стари видео снимки на лидерот на џихадистите Абу Бакр ал Багдади, фотографии на групата, како и упатства за изработка на бомбата што се користела во терористичкиот бомбашки напад во Бостон.
Во акцијата се уапсени уште 22 лица, странски државјани, кои се протерани од Турција.
Се претпоставува дека осомничените планирале да извршат бомбашки напади со експлозивни направи изработени според пронајдените упатства.
Ново на Сител
-

Законот за високо образование пред владина процедура - дел од фелата оценува дека суштински измени нема
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ пред студентите: Потребен е јасен сигнал од Брисел за проширувањето
-

Продолжи судењето Онкологија 1 со сведочење на вештакот од Србија
-

Тешки сведоштва за насилството врз Ивана и Катја
-

Полицајците на обвинителна клупа за „Пулс“, но судењето не почна
-

Крмзов во инвалидска количка на првото рочиште за затајување данок
-

Мицкоски очекува Савески да реотвора предмети, за Филипче обвинителот бил под контрола на власта
