-->
-->
Тројца Израелци убиени во вооружен напад на граничен премин меѓу Израел и Јордан
-->
Тројца Израелци загинаа во вооружен напад на граничниот премин „Крал Хусеин“ меѓу Израел и Јордан, јавува АнадолијаВесникот „Једиот Ахронот“ објави дека возач на камион отворил оган на мостот „Крал Хусеин“ помеѓу Јордан и окупираниот Западен Брег.
Израелската итна служба „Маген Давид Адом“ соопшти дека тројца мажи починале од тешки повреди. Напаѓачот бил убиен, пишува „Хаарец“.
Овој напад се случи во време на зголемени тензии на окупираниот Западен Брег, додека Израел продолжува со својата офанзива во Појасот Газа, во која од 7 октомври минатата година загинаа над 40,900 Палестинци, најмногу жени и деца.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата