Тројца функционери од „Вреди“ спречени да влезат во Албанија на ГП Ќафасан

Kоординаторот на пратеничката група на „Вреди“, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, вчера биле задржани од албанските власти на граничниот премин Ќафасан и не им бил дозволен влез во Албанија иако имале дипломатски пасоши.
Од „Вреди“ денеска информираа дека тројцата партиски функционери биле задржани еден час без никакво официјално објаснување. Според информациите што неофицијално ги соопштила граничната полиција, против нив постоела забрана за влез. Сепак, не им е соопштена никаква одлука, документ или оправдување.
Затоа од „Вреди“ барааат властите на Република Албанија да ја информираат јавноста дали навистина постои таква мерка.
- Доколку е така, кој ја донел оваа одлука, врз која законска основа се темели и кои се конкретните причини за таквата акција против избраните функционери и институционалните претставници. Меѓуалбанските односи треба да се градат врз транспарентност, институционално почитување и јасна комуникација, а не врз необјаснети забрани и процедури што оставаат простор за сомневање - реагираат од ВРЕДИ.
МИА
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
