Балкан
2. November 2016 - 11:14

Тројца бегалаци повредени во пожар крај Солун

Тројца сириски бегалци се повредени во пожар што денеска избувна во бегалскиот камп Ореокастро, во близина на Солун.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, во пожарот се повредени осумгодишно момче и неговата седумгодишна сестра, кои се хоспитализирани, а нивната мајка има полесни изгореници.

Пожарот избувнал во нивниот шатор околу пет часот по локално време (четири часот по средноевропско време).

Во тек е истрага за инцидентот.