Свет
29. November 2019 - 11:44

Трогателна сцена во италијанскиот парламент: Пратеник побара збор па ја запроси својата колешка среде седница

Флавио Ди Муро, пратеник на Лигата за север, направи несекојдневна работа на седницата на италијанскиот парламент откако побара збор.

Кога доби збор извади прстен и ја запроси својата колешка.

„Елиза, сакаш ли да се омажиш за мене?“- праша Ди Муро, пренесува весникот Република.

Неговите колеги од партијата со симпатии го испратија тој потег и го поздравија со аплауз.

Претседателот, сепак покажа малку разбирање и му замери на пратеникот на таквото однесување во парламентот.