-->
-->
Трофеј Македонија: Совладана Белгија
-->

Ватерполо репрезентациите на Србија и Хрватска ќе играат во финалето на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Двете селекции во полуфиналните пресметку рутински се справија со своите противници Италија, односно Црна Гора.
Финалето на ватерполо турнирот носи битка на двете најдобри селекции во светот, Србија која е актуелен светски и европски првак и носител на трофеите од Светскиот куп и Светската лига и олимпискиот шампион Хрватска.
Србите полуфиналниот меч против Италија го решија по десет минути игра, кога поведоа со 6-0, а на полувреме имаа 7-2. До крајот на мечот Србија го намали ритамот што Италијаните го искористија за да изборат пристоен пораз од 10-8.
Рутинска победа забележаа и Хрватите во балканската пресметка со Црна Гора. Хрватска отвори со 3-0, Црногорците одговорија со иста мерка, но тоа беше се што направија во полуфиналето. Набргу Хрвтска ја врати предност од три гола која без пробле ја сочува до крајот н мечот за триумф 12-8.
Финалето на ватерполо турнирот ќе се одигра в сабота од 22:50 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

„Везилка“ почнува со работа
-

Филипче: Загрозен вториот пензиски столб, дупката во ПИОМ е 40%
