Тркалезна маса за елиминација на говорот на омраза кон жените во политиката

Националниот демократски институт (НДИ) во рамки на „Неделата на женски права и родова еднаквост“, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска организираат тркалезна маса на тема „Како медиумски се покриваат и како да го елиминираме говорот на омраза упатен кон жените во политиката?“
Целта на настанот е преку дискусија да се увиди моменталната состојба и да се разгледаат можностите во насока на подобрување на истата.
Воведни обраќања ќе имаат шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, директорот на НДИ Крис Хеншоу, а меѓу говорниците се најавени претставници од Клубот на пратенички, од Агенцијата за аудио и аудио-визуелни услуги, од Советот за етика во медиумите и од ЗНМ.
Тркалзената маса е дел од серија активности на НДИ со цел унапредување на родовата еднаквост, но и да се поттикнат дискусиите, и да се дефинираат решенијата на проблемите со кои се соочуваат жените во секојдневниот живот.
НДИ, во соработка со Институтот за родови студии денеска, попладне, на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје, организира и панел дискусија на тема „Политичко учество на жените и девојчињата“. Темата на оваа дискусија, како што наведуваат од НДИ, произлегува од потребата за комплетно и рамноправно учество на жените и девојчињата во сите сфери на политичкиот процес како значаен фактор за секоја демократија.
Ново на Сител
-

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до четири милиони патници
-

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници
-

ЦУК: До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
-

Осма жртва од западнонилска треска
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
