Македонија
6. March 2018 - 17:10

Тркалезна маса: Практиканството не смее да се сфаќа формално

Практиканството не смее да биде само формалност, туку треба да биде максимално искористено, како од страна на работодавачите, така и од страна на младите лица, но притоа да нема злоупотреби, порачаа млади струмичани организирани во Центарот за истражување и анализи „Новус“ од Струмица.

На тркалезната маса насловена како „Значењето на практичната работа во процесот на вработување“ присуствуваа млади, професори, претставници од граѓански организации, медиуми, претставници од Агенцијата за вработување и од локалната власт.

Во заедничка соработка на сите чинители, беше заклучено дека практиканството мора да биде дизајнирано за да им овозможи на младите практично познавање и користење на изучуваните дисциплини, професионален развој и запознавање со понатамошната работа.

Настанот се организираше во рамките на Проектот за иституционално јакнење на организацијата поддржан од ФООМ.