Тркалезна маса на УКЛО за животот и делото на Свети Климент Охридски

Еминентни професори од Германија, Италија, Русија и од Македонија кои работаат во сферата на славистиката, и посебно на животот и делото на Свети Климент Охридски, денеска на истоимениот Универзитет во Битола презенетираа важни детали од неговото наследство.
Според професорот Себастијан Кемпген од Универзитетот во Бамберг-Германија, конференцијата во Битола е многу соодветна затоа што универзитетот го носи името на Свети Климент Охридски.
- Јубилејот што годинава го славиме е јубилеј за целиот Свет и е многу важен. Не е дискутабилно да се каже дека Свети Климент потекнува од Македонија, од овој Регион бидејќи тука делувал, и исто така неспорно е дека учениците на Свети Климент, Свети Кирил и Свети Методиј се движеле и во околните земји и таму делувале, но Република Македонија, регионот Македонија може да биде горд на тоа што глаголицата и други документи за словенскиот јазик потекнуваат од Република Македонија, истакна гостинот од Германија, професорот Кемпген.
За животот и делото на Свети Климент Охридски говореа и професорите Виторио Томелери од Универзитетот во Мацерата-Италија и Роман Николаевич Кривко од Националниот истражувачки универзитет во Москва, како и претставници на академската заедница во Македонија.
Истражувачкиот материјал што денеска беше презентиран во Битола ќе биде публикуван во научното списание „Хоризонти“ што го издава Универзитетот „Св.Климент Охридски“.
Ново на Сител
-

СДСМ: Банкарот на Вучиќ станал банкар на Мицкоски
-

Родовата еднаковст како европски стандард
-

Електронски ќе се вадат потврдите за царински долг
-

Странските студенти на УГД го менуваат фокусот, информатика пред медицина
-

Подготовки за Свети Никола во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Новогодишна елка ќе има, плоштадот ќе се украсува од понеделник
-

Вработените во министерството за економија и ДПИ не сметаат дека придонеле да се запали „Пулс”
